ПСЖ го сака Садио Мане како замена за Нејмар

Францускиот првак Пари Сен Жермен следното лето ќе се обиде да го доведе на „Паркот на принцовите“ фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане, открива „Франс Фудбал“. Тој треба да биде замената за Бразилецот Нејмар кој се подготвува за заминување. Тренерот Томас Тухел смета дека Мане е комплетен играч кој покрај одличните офанзивни карактеристики подеднакво добро учествува и во одбраната на тимот. Токму затоа сака да го ангажира за сума од 100 милиони евра.

Нејмар е пред враќање во Барселона и неговите агенти подолг период преговараат за неговото враќање на „Камп Ноу“.

Садио Мане оваа сезона во дресот на Ливерпул постигна 13 гола на 21 натпревар.

Се вчитува...