ПСЖ го совлада јапонскиот Кавасаки (ВИДЕО)

Францускиот фудбалски шампион Пари Сен Жермен ја забележа и втората победа во вториот натпревар во подготовките за новата сезона во домашното првенство и Лигата на шампионите.

Ѕвездите на ПСЖ овојпат беа подобри од јапонскиот Кавасаки со 1-2. Водство од 0-1 за „светците“ донесе Лионел Меси во 32. минута. На 0-2 зголеми младиот Арно Калимуендо во 58. минута, додека конечните 1-2 беа дело на Казуја Јамамура во 84. минута.

Голот на Лионел Меси за водство од 0-1 можете да го погледнете на следниот линк. 

Голот на Арно Калимуендо за водство од 0-2 можете да го погледнете на следниот линк. 

Се вчитува...