ПСЖ го совлада Лил како загревање за Реал Сосиедад (ВИДЕО)

Фудбалерите на Пари Сен Жермен стигнаа до нова победа во домашниот шампионат откако вечерва по пресврт славеа над Лил на домашен терен со 3-1 како дел од последниот меч од денешната програма во 21. коло во Лига 1.

Гостите стигнаа до изненадувачко водство со голот на Јазици уште во 6. минута (0-1). Сепак, само четири минути подоцна домашните израмнија на 1-1 преку Рамош. Во 17. минута веќе беше и 2-1 откако Алесандро си постигна автогол. Конечните 3-1 ги постави Коло Муани во 80. минута.

Светците сега ги очекува првиот осминафинален дуел во Лигата на шампионите против Реал Сосиедад.

PSG [2]-1 Lille – Alexsandro Own Goal 17′
byu/Delmer9713 insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...