ПСЖ го совлада Марсеј и се доближи до титулата (ВИДЕО)

ПСЖ оствари важна победа во француското првенство, со која се доближи до освојување на шампионската титула, односно на една победа. Парижаните со оваа победа имаат 15 бодови предност од ривалот Марсеј, на шест кола до крајот на француската Лига 1.

Победата на ПСЖ ја донесоа головите на Нејмар и на Мбапе уште во првиот дел.

Нејмар во 12. минута по асистенција на Верати погоди во мрежата за водство. Сепак, Чалета-Цар успеа да израмни во 31. минута, а потоа поништен гол на Меси поради офсајд.

Во судиското надополнување од првиот дел, Мбапе од пенал успеа да донесе победа за ПСЖ.

Во вториот дел во финишот, Салиба постигна гол, но истиот беше поништен поради офсајд.

Се вчитува...