ПСЖ го објави списокот на фудбалери кои ќе учествуваат на подготовките за новата сезона во Јапонија, а на него го нема Килијан Мбапе со што францускиот шампион му ги отвори вратите на 24-годишникот за заминување од клубот.
Младиот голгетер јасно стави дознаење дека нема намера да го продолжи договорот со тимот од главниот град на Франција по сезоната 2023/24, а „светците“ не сакаат да дозволат негово заминување без обесштетување па напаѓачот кој претходната сезона реализираше 41 гол е ставен на трансфер листата.
Очекувањата се дека за негов трансфер ќе се јават бројни клубови, но желбата на младиот Французин е преселба во редовите на Реал Мадрид. Интересно, никој не може да го присили Мбапе на заминување од „Паркот на Принцовите“ па доколку шпанскиот и францускиот гигант не успеат да најдат заеднички јазик ни претстои нова драма.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА