ПСЖ го украде Де Јонг пред носот на Барса

Ајакс даде зелено светло за заминување на Френки де Јонг по завршувањето на сезонава, но не во Барселона како што беше најавувано, туку во редовите на францускиот првак ПСЖ.

Тиражниот холандски весник „Де Телеграф“ тврди дека работата е завршена откако делегација на „светците“ предводена од Антеро Енрике и од Максвел дошла во Амстердам и го убедила фудбалерот наместо на „Камп ноу“, кариерата да ја продолжи на „Паркот на принцовите“. Воедно, ПСЖ испратил официјална понуда од 75 милиони евра до Ајакс, сума што директорот Овермарс ја бараше повеќе од една година, а максималната понуда на Барселона изнесуваше 60 милиони евра.

Поради проблемите со финансискиот ферплеј францускиот шампион не се брза трансферот да го реализира во јануари, туку ќе почека до летото, кога Де Јонг и официјално ќе му се приклучи на тимот на Томас Тухел. Суперталентираниот играч за врска ќе го заземе местото во тимот на Рабио, кој како слободен играч ќе си замине од „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...