ПСЖ и Арсенал во трка за Андер Ерера

Францускиот првак Пари Сен Жермен и англискиот премиерлигаш Арсенал се во трка за потписот на шпанскиот интернационалец Андер Ерера. Тој е незадоволен од статусот во Манчестер Јунајтед и најавите се дека ќе замине од „Олд Трафорд“ ова лето, а има неколку понуди за продолжување на кариерата.

ПСЖ му нуди тригодишен договор и одлични финансиски услови за да се пресели на „Паркот на принцовите“, а Арсенал е опцијата за Ерера да продолжи да настапува во Премиер – лигата. Соработката на Шпанецот со Манчестер Јунајтед истекува на крајот од сезоната.

Претходно интерес за овој фудбалер покажуваше и Барселона, но каталонскиот гигант пред неколку месеци се повлече од трката, насочувајќи го целосно своето внимание кон Френки де Јонг од Ајакс.

Се вчитува...