ПСЖ и кога не игра – победува, кога го има Мбапе… (ВИДЕО)

ПСЖ ја запиша и петнаесеттата победа сезонава во 17-от свој натпревар од Лига 1, славејќи со 1-0 против Нант.

„Светците“ одиграа натпревар под нивото, но и тоа не е проблем за нив кога го имаат Килијан Мбапе во своите редови. Мбапе погоди во 68. минута од средбата, доволно за нови три бода на ПСЖ.

Сега ПСЖ е со 13 бода предност во однос на второпласираниот Лил кој неочекувано на домашен терен загуби од Тулуз со 1-2. Третопласираниот Лион, пак, ремизираше (1-1) на гостувањето против Монпеље.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...