Арсен Венгер најави дека по завршувањето на оваа сезона ќе му се врати на фудбалот, а француските клубови Пари Сен Жермен и Лион го посакуваат на кормилото на својот тим. „Светците“ ја освоија шампионската титула, но потфрлија во Лигата на шампионите, а синоќа го загубија и трофејот во Купот на Франција. Очигледно дека Томас Тухел не ги оправдува очекувањата, па раководството на ПСЖ размислува за прекин на соработката и за ангажман на искусниот стратег Арсен Венгер.
Лион дефинитивно ќе се раздели со Бруно Џенезио на крајот од сезоната и исто така во план го има Арсен Венгер. Ќе се обиде да го привлече со проект сличен на оној што го имаше Венгер додека го предводеше Арсенал, скаутирање на млади и талентирани фудбалери и нивно промовирање во европскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА