ПСЖ и Меси се подалеку од договор

Раководството на ПСЖ се уште не постигнало договор со Лионел Меси околу потпишувањето на нов договор. Договорот на аргентинскиот интернационалец истекува на крајот од актуелната сезона, а иако во еден момент се мислеше дека останувањето на Меси во Париз е речиси сигурно, ситуацијата е далеку од едноставна.

„Марка“ пренесува дека сите страни се далеку од договор, а се се смени во јануари, откако Аргентинецот го освои светскиот шампионат во Катар. Пред Мундијалот се очекуваше преговорите на ПСЖ со Меси да бидат многу полесни и искусниот напаѓач да остане на „Паркот на принцовите“.

Настана проблем поради платата која ја бара Меси. Таткото и агент на најдобриот фудбалер, Хорхе Меси, се сретнал со челниците на ПСЖ, но не бил постигнат договор. Се очекува наскоро повторно да седнат на маса. 35-годишниот фудбалер постигна 18 гола со 17 асистенции на 31 натпревар за „светците“ во сите натпреварувања оваа сезона.

Се вчитува...