ПСЖ и официјално го потврди заминувањето на Ди Марија (ФОТО)

Тимот на ПСЖ излезе со јавно и официјално соопштение дека Анхел Ди Марија си заминува од клубот, потенцирајќи дека вечерва Аргентинецот ќе го одигра неговиот последен натпревар за францускиот клуб.

Ди Марија како слободен играч си заминува од ПСЖ, а информациите велат дека тој преговара со Јувентус за едногодишен договор.

„ПСЖ сака да го поздрави Анхел Ди Марија и неговите 7 сезони поминати во црвено-синиот дрес. Аргентинецот освои 18 титули и стана најдобриот асистент на сите времиња во клубот“, стои во соопштението на клубот.

 

 

 

Се вчитува...