ПСЖ и Рома договараат мегаразмена: Кавани во Рим, Џеко во Париз

Францускиот првак Пари Сен Жермен и италијанскиот калчолигаш Рома би можеме да ги разменат напаѓачите. Уругваецот Единсон Кавани да се врати во Италија и да го облече дресот на Рома, а босанскиот интернационалец Един Џеко да се пресели на „Паркот на принцовите“. Ова дефинитивно би била една од најспектакуларните размени во европскиот фудбал во изминатите неколку години.

Кавани веќе одреден период се подготвува за заминување од Париз, а се најавуваше негово заминување во Атлетико Мадрид. Сепак, тој преферира повторно да заигра во Италија, каде претходно го носеше дресот на Наполи и на Палермо.

Един Џеко исто така е на излезна врата од Рома, за него сериозно се заинтересирани Интер и Вест Хем, но понуда од ПСЖ дефинитивно би го променила неговиот фокус и многу лесно би можел да заврши во Париз.

Се вчитува...