ПСЖ им се придружи на Вардар и на Барселона во големата четворка во ЛШ

ПСЖ е третиот полуфиналист на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Келн. Францускиот тим во реваншот од четвртфиналето во Париз одигра нерешено со Пик Сегед, 30-30, но со предноста од првиот меч на кој ПСЖ славеше во гости со 27-30 обезбеди пласман на Ф4 турнирот во Келн. Отпорот на унгарскиот тим беше скршен во последните петнаесетина минути кога ПСЖ направи серија од 6-0 и го реши мечот за пласман во завршницата на ЛШ.

Растоварени од притисок, ракометарите на Пик Сегед достојно му парираа на големиот фаворит и пружија неочекувано силен отпор на реваншот во Париз. Избраниците на шпанскиот стратег, Хуан Пастор, брзо ја решаваа секоја ситуација, диктираа темпо и во поголем дел од првото полувреме беа во водство. Во 28.минута со погодокот на Балог прв пат поведоа со три гола разлика (13-16) анулирајќи ја негативата од првиот меч. ПСЖ во првите 30 минути одигра под своето ниво и беше во подредена улога, но сепак, домаќините успеаја да намалат негативата во последните минути од полувремето и на одмор заминаа со еден гол разлика (16-17

Унгарскиот тим одново дојде на границата од +3 и во 37.минута, повторно со голот на Балок за 18-21 и во наредните минути. Седмиот погодок на Балок на Пик Сегед му 41.минута му донесе водство од 21-25 и предност за Ф4. Но, унгарскиот тим тука и застана. Никола Карабатиќ ги презеде работите во свои раце, ПСЖ постигна три гола во серија и се врати на гол негатива (24-25). А, потоа Микел Хансен беше прецизен за изнедначување на 25-25 на почетокот од последната четвртина. Горазд Шкоф одбрани седмерец, а Карабатиќ на спротивната страна брзо казни со погодок за водство на ПСЖ од 26-25. Пик Сегед остана 13 минути без погодок, период во кој ПСЖ направи серија од 6-0, го скрши отпорот на противникот и го реши овој дуел во своја полза. Во финишот ПСЖ имаше гол предност, но Скубе погоди во последните секунди за конечните 30-30.

Микел Хансен постигна седум, Лука Карабатиќ постигна  пет, а Никола Карабатиќ и Лук Абало додадоа по четири гола за за ПСЖ. Во составот на Пик Сегед прв стрелец беше Золт Балок со осум гола.

 Последниот учесник на годинашниот Фајналфор во ЛШ, покрај Вардар, Барселона и ПСЖ, ќе биде познат утре по одигрувањето на вториот четвртфинален натпревар меѓу Монпелје и Веспрем. Полуфиналните двојки за Ф4 ќе бидат одредени со ждрепката во Келн на 2 мај.

Се вчитува...