ПСЖ ќе раскине со Серхио Рамос без ниту еден одигран натпревар

Шпанската ѕвезда, Серхио Рамос дојде како големо засилување во ПСЖ и тоа бесплатно, но и по неколку месеци, стоперот сѐ уште нема одиграно ниту минута за „светците“, па сѐ погласно се најавува дека веќе во јануари можеби ќе си замине од француската престолнина.

Серхио дојде во Париз во рехабилитациски период после повреда, со надеж дека брзо ќе закрепне и најмалку дека може да го пропушти стартот на домашната Лига 1, но да биде спремен за стартот на ЛШ кон средината на септември. Мина и септември, мина и октомври, ама од Рамос на теренот нема ни трага ни глас. Затоа угледниот „Ле Паризиен“ веќе најавува повикувајќи се на информации во ПСЖ, сека раководството на клубот сериозно размислува да го раскине договорот со Шпанецот.

„Клубот имаше голема доверба во шпанскиот репрезентативец, ама таа доверба повеќе не е безусловна. Така да, раскин на договорот не е повеќе научна фантастика, туку реалност, иако засега не е на дневен ред. Но, ПСЖ веќе почнува да признава дека ангажманот на Рамос е грешка и дека може брзо да се случи тоа што сите го очекуваат, да се разделат после само шест месеци соработка во која Шпанецот не одигра ни минута“, пишува францускиот весник.

Рамос доби двегодишен договор со ПСЖ, откако претходно Реал Мадрид не сакаше да отстапи од својата традиција на фудбалери над 30 години да им нуди само едногодишни соработки, што беше неприфатливо за капитенот кој цели 16 години беше дел од „кралскиот клуб“.

Се вчитува...