ПСЖ има проблем, мора да најде 25 милиони евра за четири дена

Челниците на ПСЖ делуваа презадоволни кога УЕФА им изрече само „условна казна“, принудувајќи го францускиот првак да продаде играчи во вредност од 60 милиони евра до крајот на месец јуни за да избегне поригорозни санкции.

Сепак, времето мина а „светците“ не си ја завршија работата. До крајот на овој месец има само уште четири дена, а ПСЖ досега продаде само двајца фудбалери, и тоа Пасторе во Рома за 25 милиони и младиот Одсон Едуард во Селтик за десет милиони евра. Ал Келаифи сега има сериозен проблем, во преостанатите четири дена да обезбеди 25 милиони евра од продажба на играчи, во спротивно му се заканува забрана за трансфери во најмалку еден преоден рок.

Опции нема премногу, најреално е да си замине Гуедеш, но Валенсија знае дека времето ги гази „светците“, па настојува да ја спушти неговата цена. ПСЖ бараше 60 милиони, сега цената изнесува 50, но „лилјаците“ се надеваат дека истата ќе ја спуштат под 40 милиони евра, за да го комплетираат трансферот на Португалецот на „Месталја“. Од францускиот првак сигурно ќе си замине и бекот Бериш, кој е најблизу до Атлетик Билбао, но неговата отштета сигурно ќе биде недоволна за да се надополни минусот како што налага УЕФА.

Едно е сигурно, времето брзо минува за ПСЖ, а раководството мора експресно да реагира….

Се вчитува...