ПСЖ испрати директна порака до Реал: Прифатете ја цената за Мбапе или играјте со „голферот“ цела сезона

Шпанскиот гигант Реал Мадрид веќе долго време го посакува Килијан Мбапе, па според информациите веќе е испратена официјална понуда за играчот вредна 160 милиони евра, сума која изгледа „луда“ ако се земе во предвид дека Французинот се наоѓа во последната година од меѓусебниот договор за соработка.

Меѓутоа по се изгледа и оваа понуда е недоволна за „светците“ и дел од информациите говорат дека ПСЖ бара дури 200 милиони евра.

Ова би можело и да е точно, ако се погледнете последната порака која ја испрати Шеикот Калиф Ал-Тани, човекот кој прв објави дека Лионел Меси доаѓа на „Паркот на принцовите“, но и дека Кристијано Роналдо може да пристигне во Франција.

„Ако прифатите одредена цена, побарајте не. Или комлетирајте ја сезоната со голферот“, напиша Ал-Тани алудирајќи на Герет Бејл кој летово се врати во Реал, а познат е по тоа што сака голф.

 

 

 

 

Се вчитува...