ПСЖ избра тренер: Мурињо ќе ги води „светците“ во атакот на ЛШ?!

Жозе Мурињо излегува во преден план во трката за нов тренер на ПСЖ, по последните информации кои говорат дека токму „специјалниот“ ќе биде избран од катарските газди на клубот за предводник на проектот за наредната натпреварувачка сезона.

Јавна тајна е дека „прв пик“ на ПСЖ беше Зинедин Зидан, но екс-стратегот на Реал ги одби „светците“, во исчекување да стане селектор на Франција по СП 2022. Амбициозните катарски газди не сакаат веќе да експериментираат на тренерската функција, па инсистираат на нов стратег што знае како се победува во големите натпреварувања. Мурињо дефинитивно спаѓа во таа категорија, Португалецот има пет победи во петте финални средби во европските купови, а во ситуација кога на располагање ќе ги има Мбапе, Меси и најверојатно Нејмар, португалскиот стручњак дефинитивно ќе има ростер за да го нападне трофејот во Лигата на Шампионите.

Тој во изминатиот месец одби неколку понуди од клубови од Англија, но ПСЖ сепак е друга приказна, па се очекува во наредните денови разговорите да се интензивираат, по што Мурињо ќе донесе конечна одлука, дали да се пресели во Рома или да се пресели на „Паркот на принцовите“ во Париз.

Се вчитува...