ПСЖ ја активираше „клаузулата за морално однесување“ на Нејмар

Нејмар е казнет со почетни 375.000 евра за непојавувањето на првата прозивка во пресрет на новата сезона, а не се исклучува можноста оваа сума дополнително да се зголеми доколку Бразилецот наскоро не се појави во Париз.

Имено, челниците на ПСЖ ја активираа клаузулата за „морално однесување“ на Нејмар со која бразилската суперѕвезда е обврзана да ги почитува сите обврски одредени од клубот. Непојавувањето на голгетерот значи прекршување на договорот, што автоматски повлекува казна од 375.000 евра.

Јасно е дека ова е само една епизода од сагата што ќе трае уште извесно време, но во ситуација кога „љубовта е завршена“, останува само да се најде начин за што побрза разделба. На потег е Барселона, која е подготвена да плати само 130 милиони евра за Нејмар, но и во понудата да вклучи двајца фудбалери (Умтити, Дембеле, Кутињо или Ракитиќ).

Се вчитува...