ПСЖ ја купува ѕвездата на Фламенго

Францускиот првак Пари Сен Жермен има големи амбиции во Лигата на шампионите оваа сезона, а сака во јануати да го засили својот состав со нова бразилска ѕвезда. „Светците“ го следат Лукас Пакета, офанзивниот играч за врска на Фламенго, кој важи за една од новите млади ѕвезди на бразилскиот состав. Со неговиот ангажман, раководството на ПСЖ се надева дека ќе го убеди и Нејмар да остане подолг период во Париз.

Лукас Пакета е 21-годишен играч за врска, кој беше член на репрезентацијата на Бразил до 20 години, а веќе чука и на вратата на сениорскиот национален тим, за кој има одиграно два натпревари. Тој е еден од носителите на играта на Фламенго, и досега на 36 натпревари има постигнато седум гола.

Се вчитува...