ПСЖ ја намали цената на Нејмар, но Барса се уште има проблем

Челниците на ПСЖ се помируваат со судбината дека нема да може да си ја вратат инвестицијата од 222 милиони евра, сума што ја платија за Нејмар пред две години. Бразилецот сака да се врати назад во Барселона, а ПСЖ реши дури и да ја намали сумата што ја бара за својот најскап фудбалер, како „чекор напред“ во преговорите за негово заминување од „Паркот на принцовите“.

Наместо 222, францускиот првак сега бара 180 милиони евра за бразилскиот голгетер, но со децидна напомена дека во предвид ќе се земаат само исклучиво финансиски понуди, без вклучување на фудбалери во истите.

Ова е сериозен проблем за Барса, со оглед на фактот дека каталонскиот гигант од самиот почеток планираше во преговорите да вклучи најмалку двајца фудбалери. Шпанскиот шампион сезонава веќе инвестираше над 250 милиони евра во нови фудбалери и нема да може да си дозволи да вложи уште 180 милиони за Нејмар. Ќе мора да се оди по потешкиот пат, најпрвин да се продадат Кутињо, Ракитиќ, Дембеле… за да се обезбеди буџетот за асот на ПСЖ, што нема да биде нималку лесно.

Дали ова ќе ја отвори вратата за Реал Мадрид да се вклучи во трката, останува да се види во наредниот период.

Се вчитува...