ПСЖ ја одби и последната понуда која пристигна од Реал Мадрид, Килијан Мбапе ќе биде член на ПСЖ и претстојната сезона, ако нешто драстично не се смени во последните два дена од летниот преоден рок.
Шпанските медиуми денеска пренесуваат дека „светците“ официјално ја одбиле втората понуда за младиот Французин, во висина од 170 милиони евра, плус десет милиони во бонуси. Спортскиот директор Леонардо не отстапува од бараните 220 милиони, дури и по цена Мбапе идното лето да си замине бесплатно.
Во досегашниот дел од сезоната Мбапе е убедливо најдобар играч на ПСЖ. Во првите три кола Французинот постигна по три гола и три асистенции, а во иднина покрај себе ќе ги има и Нејмар и Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА