ПСЖ ја пронајде замената за Нејмар

Францускиот шампион Пари Сен Жермен сака во своите редови да го доведе младиот германски репрезентативец и член на Манчестер Сити, Лирој Сане, пренесуваат медиумите во Британија. „Светците“ во своите редови сакаат да го донесат Сане, кој го гледаат како замена за Бразилецот Нејмар, кој најверојатно летово ќе го напушти клубот од главниот град на Франција.

Заинтересираност за младиот германски репрезентативец покажаа и од Баерн Минхен, но „баварците“ не можат да ги исплатат 100 милиони кои ги бара Манчестер Сити, а за ПСЖ не би биле никаков проблем. Со продажбата на Сане во ПСЖ, тимот од „Етихад“ во своите редови ќе може да ги доведе Леонардо Бонучи и Жоао Кансело кои би ги покриле дупките во одбраната.

Се вчитува...