Динамо Букурешт имаше перфектни 4-0 на досегашните домашни средби во Лигата на Шампионите, но романскиот првак денеска беше запрен од ПСЖ, кој со неочекувано доминантна игра стигна до преубедливи 33-40. Нападот беше заштитен знак на тимот на Раул Гонзалес, Романците делуваа шокирано и 60 минути не успеаја да најдат одговор, примајќи неверојатни 40 погодоци од „светците“. Голманите на Динамо имаа катастрофален ден, Јанку имаше две, а Цупара една интервенција, додека во нападот најефикасен беше Али со осум погодоци.
За ПСЖ овој триумф значеше прекин на „црната серија“ од два пораза во Лигата на Шампионите, а најзабележителни во таборот на францускиот првак беа Холм со девет, Јахија со осум гола, додека голманот Јаник Грин собра девет успешни интервенции.
Серијата од три победи во ЛШ на Пик Сегед беше прекината, и тоа на домашен терен откако унгарскиот гигант загуби од дански Алборг со 30-32. Унгарците имаат за што да жалат ако се знае дека во првото полувреме водеа со 10-6, потоа и со 11-7. Гостите од Данска до крајот на полувремето намалија на само еден гол негатива (17-16), а потоа во вториот дел целосно го свртеа резултатот во своја полза и стигнаа до својата трета европска победа во низа, прескокнувајќи го Пик Сегед на третото место во групата.
Арнолдсен и Турин го предводеа победничкиот тим со по осум гола, шест погодоци без промашување постигна Бјорнсен, додека во таборот на Пик Сегед најефикасен во овој пораз беше Шоштариќ со дури 12 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА