ПСЖ капитулираше, Вардар остана единствен клуб од главен град со пехар во ЛШ

ПСЖ претрпе пораз во вечерашното полуфинале против Барселона, со што „светците“ и во четвртиот настап на фајналфор турнирот во Келн останаа без посакуваниот пехар.

Воедно, поразот на тимот на Раул Гонзалес значеше дека Вардар останува единствен тим што го има кренато пехарот, а што доаѓа од главен град во својата држава. Скопските „црвено-црни“ се закитија со титулата во 2017 и во 2019 година, обезбедувајќи си место во историјата.

Само за потсетување, од воведувањето на Ф4 турнирот во Келн, пехарот во „Ланксес Арена“ го имаат кренато Кил, Барселона, Хамбург, Фленсбург, Киелце, Вардар и Монпелје. Претходно, со титула европски првак се има закитено Загреб, но тогаш елитното натпреварување го носеше името Куп на Европски Шампиони и се играше под поинаков систем на натпреварување.

Се вчитува...