ПСЖ ќе гради и ѕидина пред голот – „светците“ тргнаа по потписот на Рудигер

ПСЖ ова лето успеа во своите редови да го донесе еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Лео Меси по што нападот во кој се и Нејмар и Мбапе стана уште по креативен. Но, и покрај тоа што „светците“ по четири одиграни кола во Лига 1 постигна 12 гола, одбраната прими пет.

Со цел зацврстување на ѕидот пред Џиџи Донарума, погледите на францускиот клуб сега се насочени кон репрезентативецот на Германија и членот на актуелниот шампион на Европа, Антонио Рудигер.

На 28-годишниот стопер кој се наметна како стандарден првотимец му преостануваат помалку од 12 месеци од договорот со Челси, а тоа ќе се обиде да го искористи ПСЖ кој со богата понуда ќе се обиде да ги „помати“ сметките на „сините“ кои исто така сакаат да го задржат играчот на „Стемфорд Бриџ“.

Се вчитува...