ПСЖ ќе има кошмари од Марез – Сити води со 2-0

Ријад Марез без конкуренција ќе биде најзаслужниот што Манчестер Сити ќе го игра своето прво финале во Лигата на Шампионите. Алжирецот го постигна победничкиот гол во Париз, а вечерва беше стрелец и на двата погодоци за Сити на реваншот што се игра во Манчесте.р

ПСЖ беше принуден целосно да ја отвори играта во обид да стигне до израмнување, но тоа остави многу простор што „граѓаните“ знаеја да го искористат. Фоден и Де Бруине одиграа двојно додавање, Фоден потоа од левата страна нафрли на вториот дирек, каде Марез се најде осамен и рутински ја смести топката во мрежата на Кејлор Навас.

Се вчитува...