ПСЖ ќе мора да се снаоѓа без повредениот Меси

Лионел Меси постигна фантастичен погодок на гостувањето против Бенфика во Лигата на шампионите, но асот на ПСЖ заработи и незгодна повреда поради која мораше да биде заменет на десетина минути пред крајот на дуелот во Лисабон.

Деталните прегледи во Париз покажаа истегнување на мускулот на ногата, а со оглед на фактот дека СП во Катар почнува за нешто повеќе од еден месец, никој не сака да ризикува, па Меси ќе добие заслужен одмор. Аргентинецот дефинитивно ќе го пропушти гостувањето против Ремс, а прашање е дали ќе може да настапи на дуелот со Бенфика во Париз што на програмата ќе биде во вторник.

ПСЖ има одлични 25 бода по првите девет кола во францускиот шампионат (осум победи и едно реми), со два бода предност во однос на второпласираниот Олимпик Марсеј.

Се вчитува...