ПСЖ лесно победи: Нејмар даде гол, не славеше, па доби „хор од свирежи“ од трибините

ПСЖ славеше над Бордо со рутински 3-0 во првиот меч по елиминацијата од ЛШ од Реал Мадрид, натпревар што го одбележаа свирежите што Нејмар и Меси ги добиваа од домашните навивачи при речиси секој допир на топката на „Паркот на принцовите“.

Килијан Мбапе, кој единствен доби аплаузи од навивачите при официјалното претставување на составите, го отвори резултатот со прецизен удар во првото полувреме на асистенција на Вајналдум.

Вториот гол беше дело на Нејмар, кој немаше тешка задача по додавањето на Хакими од пет метри да ја смести топката во мрежата. Нејмар во знак на протест не го прослави голот, но со тоа само предизвика уште погласна реакција и свирежи од фановите.

Конечните 3-0 ги постави Леандро Паредес, за убедлива предност од 15 бода во однос на второпласираната Ница на табелата од француското првенство.

Се вчитува...