ПСЖ: Меси, ти благодариме!

Екипата на ПСЖ пред натпреварот со Клермон вечерва, се одлучи да им се заблагодари на оние играчи кои идната сезона нема да го носат дресот на клубот.

Претходно ПСЖ објави разделба со Серхио Рамос, а сега и со Лионел Меси, со што и официјално Аргентинецот ќе има нов клуб. Дали тоа ќе биде Барселона или Саудиска Арабија, одлуката ќе ја донесе самиот фудбалер.

Меси пристигна во ПСЖ во 2021 година, откако неочекувано и шокантно ја напушти Барселона. Сега не е исклучено одново да се врати меѓу Каталонците, иако Саудиска Арабија има понуда за него од 1,2 милијарди евра.

Се вчитува...