ПСЖ мора да продаде фудбалери во вредност од 100 милиони евра

ПСЖ во летниот преоден рок ќе мора да направи и неколку сериозни продажби со цел да нема проблем повторно со УЕФА и Финансискиот фер-плеј.

Французите ќе беа мирни доколку минатото лето се согласеа на продажба на Килијан Мбапе и тоа на 180 милиони евра колку што понуди Реал Мадрид. Мбапе во јуни ќе си замине како слободен агент, бидејќи ќе му истече договорот, па затоа парижаните ќе мораат да продадат уште неколку фудбалери за да не бидат казнети од УЕФА.

Според „Лекип“, ПСЖ мора да собере барем 100 милиони евра од продажба на фудбалери, во спротивно УЕФА повторно ќе почне постапка, како пред неколку сезони.

Се вчитува...