Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе се опорави од повредата која ја доби на натпреварот со Олимпик Марсеј, и ќе биде во комбинација за следните натпревари.
Голгетерот заработи повреда на левиот зглоб, и мораше да биде заменет после половина час игра. Тој ќе биде на располагање на Енрике за утрешното гостување на тимот кај Клермон.
„Килијан тренираше со тимот, и немаше никаква непријатност. Сметаме на него“, рече Енрике.
ПСЖ стравуваше дека ќе остане без Мбапе на следниот меч во ЛШ против Њукасл, но според последните најави, тој ќе игра за тимот на гостувањето на „Сент Џејмс Парк“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА