ПСЖ му нуди богатство за нов договор на Мбапе

Килијан Мбапе експресно прерасна во нова „ѕвезда“ на светскиот фудбал, па инвестицијата од 180 милиони евра на ПСЖ е многу подобра од онаа при ангажманот на Нејмар. Францускиот ас се наоѓа на листите со желби на Реал Мадрид и Барселона, но „светците“ се решени да сторат се за да го задржат Мбапе, подготвувајќи му понуда за нов договор што ќе биде невозможно да се одбие.

Имено, за одличниот голгетер е подготвен нова мегадоговор со важност до 2024 година, период во кој Мбапе ќе заработува по огромни 50 милиони евра по сезона „нето плата“. Парите не се проблем за катарските газди на ПСЖ, па очигледно е дека со оваа понуда ќе го „врзат“ најдобриот француски фудбалер уште долго да остане на „Паркот на принцовите“.

Тоа нема да биде случај со Нејмар, кој летово остана во ПСЖ, но на крајот од сезонава сигурно ќе биде продаден.

Се вчитува...