ПСЖ му нуди еден милион евра месечна плата на Ериксен, а тој сака во Интер

Ниту доаѓањето на Жозе Мурињо не го промени ставот на Кристијан Ериксен, кој е цврсто решен по истекот на договорот со Тотенхем летово како слободен играч да се пресели во нов клуб. „Спарси“ му испратија неколку понуди за продолжување на соработката, но Данецот нема намера да го промени својот план – да направи чекор напред во кариерата со оглед на фактот дека бројни европски гиганти се обидуваат да го убедат да им се приклучи.

Од почетокот на годинава во трката за Данецот се вклучи и ПСЖ, за чии газди вообичаено парите не се никаков проблем. Француските медиуми информираат дека понудата на „светците“ е супериорна во однос на останатите, Ериксен би добил петгодишен договор за плата од 12 милиони евра по сезона, или месечна заработка од по еден милион евра.

Сепак, данските медиуми пренесуваат дека работата е веќе завршена и тој ќе премине во Интер, во трансфер вреден 23 милиони евра. Ериксен е голема желба на Антонио Конте, а и самиот фудбалер е заинтересиран да премине во Италија.

Се вчитува...