Францускиот првак Пари Сен Жермен тргнува по наследникот на Џанлуиџи Буфон. Откако тимот и оваа сезона доживеа болна елиминација во Лигата на шампионите, раководството на клубот го посакува во Париз шпанскиот голман Давид де Хеа. Тој бранеше одлично во двомечот меѓу ПСЖ и Манчестер Јуанјтед, а „црвените ѓаволи“ успеаја на неверојатен начин да се пласираат во четвртфиналето од елитното европско клупско натпреварување.
ПСЖ е подготвен да му даде баснословна плата од 350.000 фунти неделно на Де Хеа за тој да се пресели во летниот преоден рок на „Паркот на принцовите“ во Париз. Агентот на Де Хеа веќе го информирал и раководството на Јунајтед за понудата од ПСЖ и доколку англискиот клуб не ја израмни понудата за продолжување на соработката, тогаш лесно може да се случи Давид де Хеа на лето да го напушти „Олд Трафорд“ и да го облече дресот на „светците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА