ПСЖ му нуди на Реал Мадрид размена, Бејл за Нејмар

Пари Сен Жермен има решение за двете најголеми кризи на европскиот трансфер пазар во моментов. Францускиот првак се мачи со ситуацијата околу Нејмар кој јасно стави до знаење дека сака да си замине. Негов прв избор е Барселона, но ПСЖ го нуди на Реал Мадрид како еден вид размена за Герет Бејл.

Јасно е дека за Велшанецот нема место во тимот на Зинедин Зидан кој изјави дека се бара клуб за него. Британскиот „Индепендент“ тврди дека ПСЖ предлага со Реал да направат размена. Пари Сен Жермен наводно, ваква опција му понудил и на Манчестер Јунајтед за Пол Погба, но премиерлигашот одбил поради финансиски причини.

За Герет Бејл има интерес и од Тотенхем, но клубот не може да му ја дава платата која пак за ПСЖ не би била проблем.

Сепак проблем за ваквиот „дил“ би можел да биде Зидан кој не бил заинтересиран ниту за Нејмар во неговиот тим.

 

Се вчитува...