ПСЖ му понуди на Венгер да биде спортски директор

Францускиот првак Пари Сен Жермен сака кадровски да се засили со Арсен Венгер, но да го искористи на позицијата спортски директор. Тој по долги години го напушти Арсенал, но најави дека на почетокот на 2019 година планира да му се врати на фудбалот. Раковоството на ПСЖ смета дека искуството на Венгер е непроценливо, а тој умее да привлече квалитетни фудбалери, посебно што во Париз ќе има на располагање и многу поголем буџет.

Од друга страна, се појавија информации дека Французинот е во преговори со италијанскиот калчолигаш Милан. Поранешниот извршен директор на Арсенал, Иван Газидис, му се придружи на Милан, па тој е релацијата за и Арсен Венгер да пристигне на „Сан Сиро“ како наследник на Џенаро Гатузо.

Се вчитува...