ПСЖ му понудил огромна плата на Сергеј Милинковиќ – Савиќ

Францускиот првак Пари Сен Жермен се обидел во летниот преоден рок да го купи играчот за врска на Лацио, Сергеј Милинковиќ – Савиќ. „Светците“ му понудиле годишна плата од 8 милиони евра на Србинот, што во тој момент беше речиси четири пати поголема сума од таа што ја заработуваше во Лацио.

„Сергеј можеше да заработува многу повеќе на друго место. Во Франција му нудеа 8 милиони евра годишно. Остана затоа што сака на Лацио да му подари настап во Лигата на шампионите. Има само 23 години и може уште многу да научи под раководство на Инзаги. Им презентиравме неколку понуди, но тие рекоа дека Сергеј е фундаментален играч во тимот во овој момент“, изјави неговиот агент, Матеја Кежман.

Лацио го задржа офанзивниот играч од средниот ред, а за новата сезона му ја зголеми платата на 3 милиони евра.

 

Се вчитува...