ПСЖ му врачи отказ на Галтие

Пари Сен Жермен се раздели со шефот Кристоф Галтие само неколку дена откако клубот ја прослави титулата во Лига 1.

Галтие беше назначен на оваа улога само пред една година, каде го замени Маурицио Покетино на жешкото столче, но и покрај неговиот првенствен успех – сезоната не ги исполни очекувањата.

ПСЖ беше елиминиран од Лигата на шампионите во осминафиналето од Баерн Минхен, додека исто така потфрли во Купот на Франција каде доживеа елиминација од Олимпик Марсеј. Поранешниот тренер на Баерн, Јулијан Нагелсман е фаворит за замена на Галтие.

Се вчитува...