ПСЖ на готовс: Има уште еден Килијан Мбапе, ама буквално…

Францускиот првак Пари Сен Жермен ќе го добие и новиот Килијан Мбапе. Не се работи за двојник на веќе етаблираната млада фудбалска ѕвезда во Франција, туку за 11-годишно момче од предградието на Париз кое има исто име и презиме.

Секако, идол му е „поголемиот“ Мбапе и сака да го носи дресот на ПСЖ. Раководството на „светците“ веќе го следи младиот Килијан и сака да го приклучи во младите категории.

„Сите ме прашуваат дали мојот син го добил името по фудбалерот на Пари Сен Жермен. Но, не е така. Кој знаеше за Килијан Мбапе пред 11 години. Инаку, огромна желба на мојот син е еден да игра за ПСЖ“, изјави таткото на „новиот“ Килијан Мбабе.

 

Се вчитува...