ПСЖ на колена пред Фирмино, „Маракана“ слави бод против Наполи

Големото дерби меѓу Ливерпул и ПСЖ целосно ги оправда очекувањата, носејќи одличен фудбал во кој „црвените“ стигнаа до заслужен триумф со голот на Фирмино во 92. минута. Бразилецот поради повреда на окото не беше во стартниот тим, влезе во игра во второто полувреме и беше прецизен во клучниот момент, за тотална еуфорија на „Енфилд“.

Ливерпул доминираше во поголем дел од мечот, поведе и со 2-0 со головите на Стариџ и на Милнер, но потоа мал пад на концентрацијата во финишот од полувремето му овозможи на гостинот да се врати преку Муние. Второто полувреме повторно мина во подобра игра на Ливерпул, тимот на ПСЖ постигна и гол преку Салах што беше поништен, за „светците“ незаслужено да израмнат преку Мбапе. Сепак, правдата беше задоволена во 92. минута Фирмино со прекрасна соло-акција донесе огромна адост на фановите на англискиот гигант.

Интересно беше и на вториот натпревар од овааа група, на кој Црвена звезда на своето деби во Лигата на шампионите остана непоразена против Наполи (0-0). Гостите од Италија имаа повеќе од поседот над топката, но не успеаја да ја крунисаат иницијативата со погодок крај одлично организираната одбрана  на домаќините, кои одиграа фанатично бодрени од верните фанови на преполната „Маракана“. Инсиње ја погоди гредата во првото полувреме, а најубавата шанса во вториот дел ја промаши Калјехон, кога неговиот удар беше запрен на самата гол-линија.

Борусија Дортмунд славеше на гостувањето против Бриж со 0-1 со голот на Пулишиќ, додека Атлетико со резултатски пресврт го доби мечот на гостински терен со Монако. Фалкао ги доведе „кнезовите“ во водство, а три бода на тимот на Симеоне му донесоа Диего Коста и Хименез.

ГРУПА А: Бриж – Борусија Д. 0-1, Монако – Атлетико М. 1-2.

ГРУПА Б: Интер – Тотенхем 2-1, Барселона – ПСВ Ајндховен 4-0.

ГРУПА Ц: Црвена звезда – Наполи 0-0, Ливерпул – ПСЖ 3-2.

ГРУПА Д: Галатасарај – Локомотив М. 3-0, Шалке – Порто 1-1.

Се вчитува...