ПСЖ на лето го купува Андре Онана

Францускиот првак Пари Сен Жермен го ангажираше Кејлор Навас изминатото лето, во дел од пакетот го испрати Алфонсо Ареола во „краскиот клуб“, но сака да има уште еден квалитетен голман за следната сезона. Изборот на тренерот Томас Тухел падна на Андре Онана, чуварот на мрежата на холандскиот Ајакс. Тој имаше одлични настапи во ЛШ минатата сезона, а во ист стил продолжува и понатаму, покажувајќи дека се работи за квалитетен голман.

ПСЖ е подготвен да плати 35 милиони евра за да го доведе Андре Онана во Париз по завршување на сезоната.

Останува да се види дали тој ќе прифати да дојде во Париз во ситуација кога улогата на прв голман му припаѓа на Кејлор Навас, кој засега целосно ги оправдува очекувањата на Тухел.

Се вчитува...