ПСЖ на лето го купува Кутињо како замена за Нејмар

Францускиот првак Пари Сен Жермен планира да го доведе бразилскиот интернационалец Фелипе Кутињо во летниот преоден рок. Тој треба да биде замена за неговиот сонародник Нејмар кој многу веројатно ќе се врати на „Камп Ноу“.

Кутињо дојде во Баерн Минхен на позајмица од Барселона, но баварскиот клуб одлучи да не го откупи целосно, па по завршувањето на сезоната и тој ќе треба да се врати во Барселона. Сепак, ПСЖ е сериозно заинтересиран да го доведе со оглед дека неговата вредност во моментот падна на 70 милиони евра. Втората опција за Кутињо е да се врати во Ливерпул, од каде и направи трансфер во Барселона.

Се вчитува...