ПСЖ на маки: Мбапе или Нејмар? Еден ќе мора да си оди!

Резултатите тоа не го зборуваат, но францускиот шампион ПСЖ се наоѓа во огромни проблеми.

Се чини парижаните уште од сега може да почнат да ја слават титулата, играат во осминафиналето од Лигата на шампионите, но сериозен проблем за нив се финансиите и правилата на УЕФА околу трошењето на средствата.

УЕФА сега нареди на ПСЖ до следното лето да пронајде приход од 170 милиони евра како би избегнал казна од ФФП. А, тоа единствено може да се случи ако клубот продаде барем една од големите ѕвезди. Па, по се судејќи ПСЖ ќе мора да го напуштат или Килијан Мбапе или Бразилецот Нејмар, кои и онака ги посакуваат бројни европски гиганти.

Како и да е, ПСЖ ќе мора да се откаже од една своја голема ѕвезда и пронајде пари кои следната сезона ќе му донесат мир, како и не би останал без лиценца за настап во Европа.

Се вчитува...