„ПСЖ не е дел од Лига 1, едноставно имаат премногу пари“

Тренерот на Олимпик Марсеј, Андре Вилјаш Боаш вели дека Пари Сен Жермен е потполно друга класа во однос на остатокот на Лига 1. Во следното коло токму овие два тима ќе се сретнат, а искусниот португалски стратег не му дава големо значење на мечот.

„Тоа ќе биде потполно различен натпревар против тим кој не е дел од нашата лига поради вложувањата кои ги имаа минатите сезони. Затоа натпреварот не ми значи многу. Сакам да победиме, но ПСЖ е тим од друга категорија“, изјави Вилјаш Боаш.

Откако богатите катарски сосптвеници го преземаа клубот во 2011 година, ПСЖ освои шест од седум титули во домашниот шампионат, а ги држат и двата најскапи трансфери во историјата на фудбалот, тој на Нејмар за кого платија 222 милиони евра и на Килијан Мбапе 180 милиони евра.

Се вчитува...