ПСЖ не ги исполнил ветувањата кон Мбапе, Французинот бил бесен

Во ПСЖ е драматична ситуацијата поради односот на Килијан Мбапе и Нејмар. Ситуацијата ескалираше во саботата во ПСЖ во првенствената победа над Монпелје од 5-2. Француските медиуми пишуваат дека после натпреварот дошло до караница меѓу големите ѕвезди на тимот од Париз. Наводно за малку ќе се степале за тоа кој да го изведе пеналот. Ситуацијата до толку ескалирала, што наводно соиграчите морале да ги раздвојуваат.

ПСЖ наводно имал состанок после натпреварот, на кој присуствувале двајцата играчи, спортскиот директор Луис Кампос. „Ле Паризиен“ тврди дека Мбапе после состнаокот беше бесен затоа што очекуваше дека челниците на клубот ќе застанат на негова страна.

Бразилскиот медиуми, пак, пишуваат дека Мбапе очекувал да биде најголема ѕвезда во екипата, и дека сите на него ќе треба да се прилагодуваат. Моќта која му е доделена делувала вознемирувачки кај одреден дел на играчите, а сега Французинот се чувствува отфрлено од останатиот дел од екипата.

ПСЖ според неговиот договор му ветил некои работи кои досега не биле исполнети. Барал да ги изведува пеналите, а против Монпеље му „украл“ еден Нејмар. Францускиот фудбалер веднаш барал продажба на Нејмар, но Бразилецот останал во клубот.

Наводно на Мбапе му било дозволено и да се меша во политиката на клубот, како и да одлучува за новите засилувања на клубот, како и за продажба на играчи.

Се вчитува...