ПСЖ не го „ферма“ Роналдо, Португалецот доби нова „корпа“!?

Напаѓачот на Манчестер јунајтед и Португалија, Кристијано Роналдо е решен да ги напушти „ѓаволите“ пред крајот на преодниот рок. Неговиот менаџер Жорже Мендеш е во постојан контакт со клубовите од Европа, но засега нема заинтересирани страни за евентуален договор.

Францускиот весник „Le Parisien“ ја пренесе веста дека ниту на „Паркот на принцовите“ не размислувале премногу и веднаш кажале „не“ за трансферот, а тоа значи дека ништо нема се случи од тандемот Меси – Роналдо.

Насер Ал-Кеалифи уште во 2016 година се обиде да го донесе Роналдо од Реал Мадрид, но во тоа време таквиот трансфер беше невозможен. Шефот на ПСЖ пред неколку недели изјави дека нема да има „луксузни“ засилувања во наредниот период, што значи дека вратата на Роналдо е дефинитивно затворена.

Португалецот не отпатува на турнејата во Азија со Манчестер Јунајтед, што е јасен знак дека повеќе не се гледа на „Олд Трафорд“. Мендеш во наредните недели ќе има полни раце работа за да му најде клуб на Роналдо кој е подготвен да му плати 30 милиони евра по сезона.

Во моментов во игра се само Челси и Баерн, но не треба да се исклучи опцијата за пресврт и „КР7“ евентуално да остане на „Олд Трафорд“.

Се вчитува...