ПСЖ не победи на уште едно дерби

Пари сен Жермен е предалеку од тимот што лани ги „мелеше“ своите противници во францускиот шампионат, откако „светците“ не успеаја да слават на уште еден дерби дуел, по што останаа на третата позиција на табелата. ПСЖ вечерва го пречека составот на Монако, влезе со водство од 1-0 во судиското продолжение, но прими гол во самиот финиш и загуби два значајни бода во трката за титулата.

Кавани го доведе својот тим во водство од пенал, откако Дракслер беше фаулиран во шеснаесетникот на Монако, но упорноста на „кнезовите“ се исплатеше откако Силва во судиското продолжение со силен удар низ нозете на Тијаго Силва го изненади голманот на ПСЖ и ја смести топката во неговата мрежа

Монако и Ница по 22 одиграни кола се на делба на првото место со по 49 бода, три повеќе во однос на третопласираниот ПСЖ.

Edinson Cavani Goal HD – Paris SG 1 – 0 AS… by GoalReplay

Bernardo Silva Goal HD PSG 1 1 AS Monaco 29.01… by reddefutbol

Се вчитува...