ПСЖ не препушта ништо на случајот, му нуди нов богат договор на Кварацхелија

Само еден ден по завршување на летниот преоден рок, управата на актуелниот европски и француски шампион, ПСЖ, се сврте кон ѕвездите кои и донесоа две титули во Лигата на шампионите.

Според француските медиуми, челниците на ПСЖ подготвија нов далеку побогат договор за најдобриот играч во ЛШ минатата сезона, Хвича Кварацхелија.

Кварацхелија по доаѓањето од Наполи, одлично се вклопи во системот на игра на Луис Енрике и се наметна како еден од најдобрите играчи на светот.

Грузискиот репрезентативец минатата сезона постигна 19 гола и имаше 11 асистенции во сите натпреварувања, а одличните игри во ЛШ му го донесоа и признанието за најдобар играч во елитното клупско натпреварување.

Се вчитува...