ПСЖ не се откажува од Шкринијар

Раководството на Пари Сен Жермен во текот на неделата ќе ги продолжи преговорите со Интер околу потписот на словачкиот фудбалер, Милан Шкринијар.

Италијанските медиуми пренесуваат дека преговорите меѓу двата тима биле прекинати поради тоа што Интер барал повеќе пари него што парискиот клуб понудил за Шкринијар.

Сепак, „светците“ ќе се обидат да се договорат со Бепе Марота како би го довеле играчот кој треба да ја зацврсти одбраната.

Шркинијар во Интер е од 2017 година, а претходно во кариерата играше и за Сампдорија, Злате Моравце и Жилина.

Се вчитува...