ПСЖ не се шегува: Рабио ќе биде префрлен во вториот тим, ако не потпише нов договор

Преговорите меѓу раководството на францускиот првак Пари Сен Жермен и играчот за врска Адриен Рабио влегоа во тензична фаза. Тој не сака да потпише нов договор, а актуелниот му истекува во јуни 2019 година. Ова младиот фудбалер го користи како адут за да го напушти „Паркот на принцовите“ до крајот на летниот преоден рок, а за него интерес покажува Барселона.

Но, стигна и ултиматум од ПСЖ на негова адреса. Доколку Рабио не стави потпис за продолжување на соработката, тогаш оваа сезона ќе мора да ја мине во вториот тим на „светците“. На сличен начин минатата сезона си помина и Хатем Бен Арфа, затоа што имаше непримерни изјави кон стручниот штаб и раководството на клубот.

Се вчитува...